Светската здравствена организација (СЗО) испрати предупредување за ситуацијата во Африка за време на пандемијата на коронавирус, истакнувајќи дека пандемијата на тој континент би можела да убие и до 190.000 луѓе.

Уште во текот на минатиот месец, СЗО предупреди дека бројот на заразени во Африка може да достигне 10 милиони во првите шест месеци, но дека конечниот број ќе зависи од постапките на владите.

Организацијата спроведе уште една студија минатата недела, во која се предвидува меѓу 29 и 44 милиони луѓе заразени во првата година на пандемијата, ако мерките за контрола на коронавирусот не се ефективни.

Ова ќе го преоптовари здравствениот систем бидејќи има само девет установи за интензивна нега на милион жители низ целиот континент.

– Ковид-19 ќе стане постојан дел од животот, освен ако владите не преземат проактивен пристап во регионот. Треба да ги тестираме, следиме, изолираме и лекуваме заболените“, рече директорката на СЗО за Африка – Матшидисо Моети.