Во САД во изминатите 24 часа починале 776 лица од коронавирус, што е најмал број од март, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на 79.522.

Веќе неколку недели, бројот на жртвите изнесуваше помеѓу 1.000 и 2.500 на ден. Универзитетот во Балтимор соопшти дека имало 1.329.072 случаи на инфекција во земјата којашто е најмногу погодена од пандемијата, иако тој број би можел да биде поголем, како и на други места во светот, поради недоволно тестирање.