Во земјите од Африка досега потврдени се 293.721 случаи на коронавирус, а бројот на смртни случаи изнесува 7.778, објави регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 208 смртни случаи како резултат на ковид-19, а досега закрепнале вкупно 141 илјади пациенти.

Најголем број случаи во Африка има во Јужноафриканската Република – 92.681, додека најголем број смртни случаи во има Египет – 2.017.