Најмалку 21.551 случаи на новозаразени со коронавирус се регистрирани во САД во понеделникот, објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Починале 785 лица.

Вкупниот број заразени е најмалку 1.508.308, а бројот на жртвите е 90.347.

Министерството за здравство во Индија потврди дека во земјата има над 100 илјади заразени со опасниот коронавирус. Вкупнот број на заразени е 101.139, а досега починале 3.163 луѓе, соопшти надлежното министерство.