Светската здравствена организација не смее да стане пак за хокеј на мраз и да ја удираат напред назад за политички поени, истакна рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.

– Ние сме против политизација на сè што е поврзано со ширењето на коронавирусот. Повикуваме да се изнајдат решенија за проблемите што може да ги имаат голем број на држави и кои би овозможиле да се преземат поефикасни мерки против пандемијата, да се консолидира улогата на СЗО, да не се дозволи да се ослабне и да не се дозволи да се користи како платформа за израмнување на политички сметки – рече тој.

– СЗО не смее да се претвори во пак што ги удираат напред наназад за да се постигнат политички цели освен оние за градење на најефикасна меѓународна соработка против пандемијата – додаде тој.