Седум вакцини против ковид произведени во Кина влегоа во третата фаза на клинички испитувања, изјави Ву Јуанбин, генерален директор на одделот за социјален развој во Министерството за наука и технологија.

Тој на неодамнешната конференција за хематологија рече дека Кина сега има 16 вакцини кои се во фаза на клинички испитувања, објави ЦРИ.

Инактивираната вакцина, развиена од Пекиншкиот институт за биолошки производи минатиот месец, доби условно одобрение за пуштање на пазарот од Националната администрација за медицински производи.