Министерството за здравство на Саудиска Арабија објави дека муслиманите што сакаат да го извршат годишниот аџилак годинава мора да докажат дека се вакцинирани против ковид-19.

Владата наведува дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека. Секој муслиман, според верските закони, е должен барем еднаш во животот на отиде на аџилак.

Во соопштението не беше прецизирано дали само аџиите од Саудиска Арабија ќе може да учествуваат во аџилакот, кој почнува на крајот на јули.