Во САД се регистрирани рекордни над 80.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа. Претходниот рекорд беше на 16 јули, кога за еден ден беа потврдени 77.362 нови случаи.

Во болниците низ САД има повеќе од 41.000 пациенти, што е најголем број од 20 август досега. Бројот на смртни случаи исто така расте, а за еден ден починале уште 856 лица.

Според информациите на универзитетот „Џонс Хопкинс“, од почетокот на епидемијата во САД биле заразени вкупно 8.491.459 лица, од кои 223.975 починале.