САД вчера бележеле по еден смртен случај на секоја минута, јавува новинската агенција „Ројтерс“.

Вкупниот број на смртни случаи во САД надмина 150.000, што е најмногу во светот, а стапката на смртност се зголемува.

Според анализата на „Ројтерс“, бројот на пациенти расте секој ден во 37 американски држави, додека стапката на смртност се зголемува од ден на ден во 26 сојузни држави.

Бројот на починати во САД е во пораст веќе трета недела по ред.

Мексико стана трета земја со најмногу смртни случаи од коронавирус.

Земјата синоќа ја помина границата од 46.000 починати, јавува агенцијата „Франс прес“ врз основа на официјалните податоци.

Со тоа, Мексико веќе бележи поголема бројка на смртност од Велика Британија.

Двете земји најтешко погодени од бројот на починати се САД со 151.496 смртни случаи и Бразил со 90.134 смртни случаи.