Во светот досега се забележани над 3.308.000 заболени од коронавирус. Починале повеќе од 234.000 луѓе, а оздравеле 1.042.000.

Во САД во последните 24 часа од коронавирус починале 2.053 лица, соопшти утрово американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ и додава дека веќе трет ден по ред дневниот број на смртни случаи е поголем од 2.000.

Во САД, кои се најлошо погодени со пандемијата, досега починале 62.906 луѓе, се наведува во извештајот од универзитетот, кој секој ден го соопштува билансот на починати и заразени.

По САД, земји кои се најмногу погодени со новиот вирус се Италија со 27.967 починати, Велика Британија со 26.711, Шпанија со 24.543 и Франција со 24.376 починати.

Во светот, од декември 2019 година кога се појави вирусот најпрво во Кина, починале најмалку 230.000 луѓе.