САД имаат намера да донираат 500 милиони дози вакцини на 100 држави, за чие купување Вашингтон веќе постигнал договор со компанијата „Фајзер/Бионтек“.

Се очекува американскиот претседател Џо Бајден да ја соопшти веста денеска, како што објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на сопствени извори.

Бајден беше под притисок поради глобалниот недостиг на вакцини и разликите во вакцинацијата во богатите и во сиромашните држави.