Скоро 169 илјади нови случаи на коронавирус се потврдени во светот во последните 24 часа, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во последните 24 часа, според податоците на таа организација, починале повеќе од четири илјади лица, со што вкупниот број на смртни случаи во светот порасна на 539 илјади.

Најголем број случаи на коронавирус има во САД, по што следат Бразил, Индија и Русија.

Според сајтот Ворлдметерс, бројот на заразени лица во светот денес надминал 12 милиони.