Двете вакцини против ковид-19 одобрени досега во Русија, пружаат заштита и од позаразниот нов вид коронавирус идентификуван во Велика Британија, потврдиле испитувањата на научно-истражувачкиот центар „Вектор“.

Компаративното истражување покажало дека антителата создадена по вакцинирањето со двете вакцини „Спутник В“ и „ЕпиВакКорона“, штитат и од британскиот вид коронавирусот.

– Заштитниот ефект беше покажан во реакцијата на неутрализација со користење на серуми добиени од лица вакцинирани со вакцините ‘Спутник В’ и ‘ЕпиВакКорона’ и кои содражат антитела на вирусот SARS-CoV-2 – се наведува во објавата на рускиот регулаторт Роспотребнадзор.

Серумот во овој случај е плазма без фибриноген, кое е одговорен за згрутчувањето. Кај вакцинираните, тој ефикасно ги неутрализрал и британскиот вид и другите варијанти на SARS-CoV-2.

Засега не е прецизирано дали се спроведени истражувања дали истото и важи и за јужноафриканскиот и за бразилскиот вид.