Резултатите од клиничките испитувања на вакцината против коронавирус направени од Научниот центар „Чумаков“ на Руската академија на науките се многу добри и може да се регистрира во наредните денови, изјави шефицата на Руската служба за санитарен надзор и контрола, Ана Попова.

Зборувајќи за состојбата со пандемијата, таа истакна дека нема причина да се каже дека вирусот ќе престане да циркулира, пренесува „Спутник“. Напротив, таа со висок степен на веројатност смета дека вирусот ќе остане со нас, дека ќе стане сезонски и дека ќе се појавува во сезона на епидемија, како вирус на грип.

Досега во Русија се регистрирани две вакцини против Ковид-19, вакцината „спутник 5“ на институтот „Гамалеј“ и вакцината на институтот „Вектор“.