Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Леитрагин“ за третман и превенција на пневмонија предизвикана од коронавирусот, објави Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница.

– Лекот во спреј „Леитрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во Министерството за здравство на Русија. Наменет е за превенција и третман на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите од коронавирусот – се наведува на официјалниот сајт.

Од таму се додадва дека производството на лекот е во тек.

За време на клиничкото тестирање, немаше смртни случаи или посериозни компликации кај 320 пациенти со умерени симптоми на ковид-19, велат здравствените власти.

Пациентите кои го земале лекот „Леитрагин“ се опоравиле во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класични методи од ковид-19 се опоравиле по 14 дена.