Русија објави дека делумно ќе ги отвори своите граници додека ги ублажува ограничувањата воведени за ограничување на ширењето на коронавирусот.

Премиерот Михаил Мишустин рече дека патувањето во странство ќе биде дозволено за работа, студии, медицински третман. Тој рече дека Русија ќе им овозможи влез во земјата на странците на кои им е потребен медицински третман и на оние кои доаѓаат за нега на членови на семејството. Не е објавено кога ќе стапи на сила делумното отворање на границите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите изјави дека „не е закажан датум“ за продолжување на меѓународните летови, кои беа прекинати на крајот на март. Минатиот месец претседателот Владимир Путин повика на постепено укинување на наметнатите ограничувања за да се спречи ширењето на вирусот, велејќи дека Русија е во состојба да ја забави епидемијата.

Руските здравствени власти известуваат за 9.000 нови инфекции секој ден од средината на мај, а некои експерти се загрижени дека намалувањето на ограничувањата би можело да биде избрзано, пренесува АП.