Руското Министерство за одбрана соопшти дека експертски тим од Русија отпатувал за Италија и е испратена помош во медицинска опрема.

Во соопштението се вели дека со авиони од Москва во Италија се упатени осум медицински екипи на вирусолози, епидемиолози и други експерти и дека е испратено поголемо количество медицинска опрема за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тоа се руски експерти кои исто така учествувале во борбата против свинскиот грип, ебола и други епидемии.

Помошта беше испратена откако рускиот претседател Владимир Путин разговараше на телефон со италијанскиот премиер Џузепе Конти.