Русија по бројот на заболени од коронавирус ги помина Велика Британија и Италија, со што изби на третото место во светот, зад САД и Шпанија.

Според последните податоци, во Русија се потврдени 221.344 случаи на коронавирус, додека во Велика Британија се регистрирани 219.183, а во Италија 219.070, пренесе ТАС С.

Најмногу заболени има во Москва, каде се потврдени 115.909 случаи, а само во последните 24 часа во тој град се пријавени 6.169 новозаболени, што е е незначително повеќе од претходниот ден.

Од вирусот оздравеле 39.801 човек, а починале 2.009 луѓе.

Нови случаи се пријавени во 83 руски региони, а освен во московскиот регион, забележани се и во Санкт Петербург, Новгород, Смоленск, Дагестан.