Русија воведува неработна недела поради зголемувањето на бројките на заразени и умрени во пандемијата на коронавирусот, пренесе „Раша Тудеј“.
Претседателот Владимир Путин нареди воведување платена неработна недела, откако денеска беше регистриран нов рекорден број смртни случаи.
Русите нема да одат на работа во првата недела од ноември, што воедно се совпаѓа со училишните празници. Ова не е првпат Русија да воведува неработна платена недела во време кога бројките се лоши. Последен пат тоа беше сторено во мај.
– Москва денеска ги врати мерките, за првпат од летото – објави градоначалникот Сергеј Собјанин.
На невакцинираните и на оние над 60 години им е наредено да останат дома и да работат онлајн, а проширени се и мерките за вакцинација во услужните дејности.