Швајцарската фармацевтската компанија „Рош“ објави дека на пазарот ќе пласира брз тест за коронавирус до крајот на септември, што ќе даде резултати за 15 минути.

Овој тест за антигени на вирусот САРС-КоВ-2, што ја предизвика пандемијата Ковид-19, во кој од крајот на декември загинаа повеќе од 851.000 луѓе ширум светот, ќе биде достапен во земјите што ја признаваат ознаката СЕ, што е задолжителна за производите што влегуваат на пазарот на ЕУ.

Но, „Рош“ исто така сака да побара итно одобрување од Американската агенција за лекови (ФДА).

– Секој месец ќе бидат достапни 40 милиони брзи тестови за САРС-КоВ-2. Тој капацитет ќе се зголеми повеќе од двојно до крајот на годината за да се задоволи побарувачката на здравствените системи во целиот свет – соопшти „Рош“.