Во авионите на „Хелветик ервејс“ се тестираат роботи со ултравиолетова светлина, што претставува уште една идеја во борбата против коронавирусот, чија цел е враќање на сигурноста и довербата на патниците за време на летањето, пренесува „Ројтерс“.

„УВеја“, стартап компанија од Швајцарија, во соработка со компанијата „Дната“ спроведува испитувања на дезинфекција со ултравиолетова светлина во авионите на „Хелветик еирвејс“.

– Производителите на авиони сè уште треба да ги сертифицираат и одобрат уредите, како и го проучат влијанието што го има ултравиолетовото светло врз тапацирот на ентериерот во авионите. Ова е докажана технологија, се користи повеќе од 50 години во болниците и лабораториите, и е многу ефикасна – изјави основачот на „УВеја“, Јодок Елмигер.

Тој се надева дека роботите ќе го намалат стравот од коронавирусот кај патниците за време на летањето. Тимот на Елмигер досега изградил три прототипи. Светлата на роботите се  поставени на рамка во форма на крст, а дезинфекцијата на еден авион трае 13 минути.

Директорите на „Дната“ се надеваат дека производителите на авиони наскоро ќе почнат да ги набавуваат роботите, чија проценета вредност изнесува околу 16.000 долари.