Бројот на нови случаи на коронавирус во Африка се зголеми за 13.996, на 992.477, соопшти регионалниот огранок на Светската здравствена организација.

Според податоците на СЗО, во изминатите денови починал 501 човек, па вкупниот број на смртни случаи на овој континент се зголемил на 21.599.

Најголем број заразени има во Јужноафриканската република – 529.877, а починати се 9.298 луѓе, додека во Египет заразени се 94.752 лица, а починале 4.912.