Шпанија денес регистрираше 1.229 нови случаи на коронавирус, што е повторно најголем раст на новозаболени од укинувањето на мерките за карантин на 21 јули.
Ова е исто така втор ден по ред каде што бројот на новозаразени надминува илјада. Вчера во таа земја беа регистрирани 1.154 нови случаи на ковид-19.

Од почетокот на епидемијата во Шпанија се регистрирани 265.430 заразени, пренесе „Ројтерс“.