Во Индија од ковид-19 за еден ден починале 3.780 луѓе, најмногу од почетокот на епидемијата.

– Во последните 24 часа во Индија починале 3.780 лица како резултат на коронавирусот, што е најголем број од почетокот на епидемијата – пренесува „Ројтерс“.

Регистрирани се 382.315 нови случаи, со што вкупниот број на заразени достигна над 20 милиони. Само САД имаат повеќе заразени отколку Индија.