Рекорден број на смртни случаи од коронавирус се регистрирани во Индија во изминатите 24 часа, а трет ден по ред бројот на новозаболени е поголем од 400.000.

Со вчерашните 401.078 потврдени случаи, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 21,9 милиони.

Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа биле потврдени 4.187 смртни случаи кај пациенти со ковид-19.

Од почетокот на пандемијата од вирусот починале околу 240.000 луѓе, пренесува „Ројтерс“.