Во Чешка, регистриран е рекорден број на заразени со коронавирус на дневно ниво, дури 1.447 нови случаи, соопшти денеска Министерството за здравство во земјата.

Во последните недели, земјата бележи голем пораст на бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19.

Властите ги заострија регулативите за задолжително носење маски, но избегнуваат рестриктивни мерки што можат да влијаат на економијата.