Руски доктор кој се ракуваше со рускиот претседател Владимир Путин е позитивен на ковид-19. Станува збор за Денис Проценко од московската болница во областа Комунарка, кој е во првите борбени редови против вирусот, пренесува „Њузвик“. 

– Ви благодарам на сите за грижата. Се чувствувам добро и сум во самоизолација – напиша Проценко на Фејсбук. 

Тој се сретнал со Путин минатиот вторник. Иако претседателот носел заштитно одело за време на обиколката во болницата, кога се ракувал со докторот тој не носел никаква медицинска заштита, пренесува ТАС.

– Путин редовно е тестиран и засега сѐ е во нормала – пренесува неговиот портпарол Дмитриј Песков.