Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 21,5 милиони луѓе во Русија се вакцинирани против Kовид-19.

– Мораме активно да продолжиме со тестирањa (за коронавирус) и да се вакцинираме – рече Путин, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според бројот на жители, Русија е на деветтото место во светот со околу 146 милиони жители.

Според официјалните статистики, во земјата досега се регистрирани 4,82 милиони заразени и 111.000 смртни случаи. Од Ковид-19 се опоравиле околу 4,44 милиони заболени.