Рускиот претседател, Владимир Путин, ја прими првата доза на вакцината против коронавирусот.

– Путин беше вакциниран. Се чувствува добро. Утре е ден полн со обврски – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков претходно изјави дека нема да открие која вакцина ја примил Путин бидејќи, како што наведува, сите три руски вакцини се сигурни и ефикасни, пренесуваат руските агенции.

За разлика од многу светски лидери, Путин не се вакцинира пред камерите, а Песков вели дека на рускиот претседател не му се допаднала таа идеја.

Вакцинацијата стави крај на повеќемесечните шпекулации за тоа дали тој веќе ја примил вакцината и дали ќе го стори тоа, пренесуваат медиумите во Русија.