Рускиот претседател Владимир Путин ја прими втората доза на вакцината против ковид-19.

– Сакам да ве известам дека во моментов, пред да влезам во оваа просторија, ја примив и втората вакцина. Се надевам дека сè ќе биде добро. Дури и се надевам, сигурен сум во тоа – рече Путин во претседателството на Руското географско друштво.

Рускиот претседател Владимир Путин ја прими првата доза на вакцината против Ковид-19 на 23 март, но не беше соопштено која вакцина ја примил рускиот претседател.

Вакцинацијата стави крај на повеќемесечните шпекулации за тоа дали тој веќе ја примил вакцината и дали ќе го стори тоа. И пред и по вакцинацијата, Кремљ одби да открие која вакцина ја примил Путин, истакнувајќи дека Русија има три опции од домашно производство.