Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека сака да учествува во тестирањето на назална вакцина против коронавирусот, која ја развива рускиот истражувачки центар „Гамалеја“.

– Можам ли да учествувам во овој експеримент? – го праша Путин заменик директорот, Денис Логунов, откако тој го информираше за работата на Центарот, пренесе „Тасс“.

– Се разбира – рече Логунов, додавајќи дека претседателот ќе треба да потпише писмена согласност.

– Ќе потпишам. Во ред. Ќе потпишам, без грешка. Можеме тоа да го направиме денес- рече Путин.

Рускиот претседател претходно изјави дека се ревакцинирал против коронавирусот со вакцината „спутник лајт“.

Путин изјавил дека се чувствува добро по вакцинацијата, пренесоа руските агенции.