Искуството за работа од дома ќе биде потребно дури и по завршувањето на пандемијата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Денес многу се работи од далечина – рече Путин, додавајќи дека кога ќе се почне со нормална деловна активност, ова искуство несомнено ќе биде доста корисно и неопходно, објави „ТАСС“.

– Мора да се искористи затоа што сите знаеме многу добро дека таков формат на работа е соодветен и корисен – рече рускиот претседател на видеоконференција за рускиот пазар на трудот.

Според него, ова првенствено се однесува на младите мајки, инвалиди и жители на мали градови каде што изборот на работни места не е толку голем како во поурбаните средини.

– И воопшто, експертите велат дека економијата на иднината, која се заснова на бројки, главно ќе биде организирана на таков начин што многумина ќе работат од далечина, вклучително и работа од дома – изјави Путин.