Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, ја нагласиле важноста од соработка во пронаоѓањето на вакцина и терапија против коронавирусот, објави Кремљ.

Двајцата претседатели телефонски детално разговарале за проблемите во борбата против пандемијата на коронавирус, јави „Тасс“.

Путин и Ердоган ја истакнале важноста од понатамошна соработка помеѓу релевантните агенции на двете држави во развојот на вакцини и терапија за третман на инфекцијата, се наведува во соопштението.

Рускиот претседател им се заблагодарил на турските партнери за нивната помош во организирање на репатријацијата на руските граѓани и за хуманитарната помош во голем број руски региони.

Путин и Ердоган повикале на засилени напори за спроведување на руско-турските договори за Идлиб во Сирија и изразиле загриженост поради влошената состојба во Либија.

Двајцата претседатели разговарале и за актуелните аспекти на билатералната трговска и економска соработка.