Рускиот претседател Владимир Путин побара од Владата да поднесе извештај до 30 април за тоа како се одвива работата околу развојот на вакцината против вирусот ковид-19, соопшти прес-службата на Кремљ.

Тој го кажал тоа по средбата со здравствениот штаб, пренесува ТАСС.

– Владата ќе достави план за развој на вакцина за спречување на новата инфекција со вирусот ковид-19 и ќе спроведе државна регистрација на овие вакцини користејќи забрзана постапка и нивно ставање во индустриско производство – се вели во соопштението.