Унгарскиот парламент го одобри продолжувањето на вонредната состојба за уште 90 дена поради пандемијата на коронавирус, а во тој период властите можат да усвојат мерки каква што е полицискиот час.

На гласањето во вечерва, 133 пратеници од десничарското мнозинство гласаа за, а 55 пратеници беа против продолжувањето, објави германската новинска агенција ДПА.

Ова е вторпат владата на премиерот Виктор Орбан да ја продолжи вонредната состојба.

Ситуацијата на коронавирусот во Унгарија се влоши. Властите денеска пријавија 2.623 нови случаи на зараза, скоро двојно повеќе од минатата недела.

4,5 илјади луѓе се хоспитализирани, што е за 606 повеќе од минатата недела.

Оние кои се спротивставија на продолжувањето тврдат дека Орбан ги злоупотребува своите овластувања, дозволувајќи ширење на корупцијата.

Вонредната состојба им дозволува на властите да затвораат ресторани и културни институции, а полицискиот час е на сила од 20 до 5 часот.