Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ја примија првата доза вакцина против коронавирус, објавено е денеска во неговата резиденција.

Портпаролот на принцот Чарлс, сепак, не кажа која вакцина ја примила двојката.

Принцот Чарлс (72) и Камила (73) им се придружија на Британците кои ја добија првата доза на Астра зенека/Оксфорд или Фајзер/Бионтек.

Принцот Чарлс и неговиот постар син Вилијам имаа полесна форма на болеста Ковид-19 на почетокот на првиот бран на пандемијата, пролетта 2020 година.

Кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) беа вакцинирани на почетокот на јануари.

Во Велика Британија, каде што починаа 114 .000 луѓе од ковид-19, 12,6 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцината.