Принцот Чарлс (71) е позитивен на коронавирус, пренесува Би-би-си.

Тој има благи симптоми, „а инаку останува во добро здравје“, посочи гласноговорник на британскиот престолонаследник.

Неговата сопруга Камила Паркер, војвотката од Корнвол, исто така била тестирана, но нема коронавирус.

Чарлс и Камила мометно се во самоизолација, а принцот работел од дома во изминатите неколку дена.