Кина најавува ден на жалост за жртвите, бидејќи градот каде што изби епидемијата, Вухан, се обидува да избегне втор бран пред укинувањето на забраната за патувања, пренесува „Гардијан“.

Жтелите на Вухан се предупредени да останат во затворено и да ги зајакнат мерките за заштита, неколку дена пред предвиденото укинување на забраната за патувања.

Највисокиот официјален претставник на градот повика на претпазливост бидејќи властите се обидуваат да го спречат вториот бран на зараза од дојдовните патници, истовремено ублажувајќи некои од строгите мерки.

Кина утрешниот ден го прогласи ден на жалост за сите жртви кои починале борејќи се со пандемијата. Националните и странските амбасади и конзулати ќе ги спуштат знамиња на половина јарбол. Ќе има триминутен молк во знак на почит кон жртвите.