Премиерот на Велика Британија и понатаму останува на интензивна нега. Неговата состојба се подобрува, може да седи на кревет, изјави министерот за финансии, Риши Сунак.

– Најновите информации се дека премиерот останува на интензивна нега во болница, а неговата состојба се подобрува – рекол Сунак, пренесе „Ројтерс“.

– Можам и да ви кажам дека седеше на кревет и дека соработува со медицинскиот тим – додал тој.

Претходно, портпаролот на Џонсон рече дека тој реагира добро на терапијата која ја прима во болницата Сент Томас и додал дека е добро расположен.

Џонсон на 27 март објави дека има коронавирус и дека имал благи симтоми. Пред два дена тој беше пренесен во болница.