Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан објави дека е заразен со коронавирус.

– Немам симптоми, но одлучив да се тестирам – рекол Пашињан во видео снимка, која ја објави на Фејсбук.

Тој додава дека и целото негово семејство е позитивно на ковид-19, пренесе „Ројтерс“.

Ерменија, која има три милиони жители, пријавила 9.402 случаи на коронавирус и 139 починати.