Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, донесе одлука да ја прими руската вакцина против коронавирусот.

– Мило ми е што господин Головченко донесе одлука да ја прими вакцината денес. Сигурен сум дека сè ќе биде во ред – рече рускиот премиер Михаил Мишустин на средбата со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Мишустин потврди дека Белорусија ќе биде првата земја на која Русија ќе ѝ достави вакцина против коронавирусот.

Денеска во Минск пристигна голема делегација на руската влада предводена од премиерот Михаил Мишустин.