Разговорите во Европската Унија за тоа како да им се помогне на земјите од јужниот дел на еврозоната, кои се лошо погодени од пандемијата на коронавирусот, запреа по 16 часа.

Европската централна банка соопшти дека на блокот ќе му бидат потребни 1,5 илјади милијарди евра за да се справи со кризата.

Европските министри за финансии беа близу до договор, но пропаднаа поради несогласувањето помеѓу Италија и Холандија за начинот како да се уплати спасувачкиот фонд. Претседателот на состанокот, португалскиот министер за финансии, Марио Чентоно, рече дека ги прекинал разговорите и дека ќе продолжат утре, но сепак бара силна безбедносна мрежа против ефектите на вирусот.

Пандемијата на коронавирус предизвика длабока поделеност во Европа, каде Италија и Шпанија ги обвинија северните држави, водени од Германија и Холандија, дека не прават ништо.

Несогласувањата следат по оставката на главниот научник во ЕУ, Мауро Ферари, кој го обвини Брисел поради „разочарувачкиот“ одговор на пандемијата. Италијанецот, кој четири месеци беше прв човек на Европскиот истражувачки совет, во неговата оставка наведува дека неговата специјална програма за надминување на кризата била одбиена од ЕУ. ЕК пак не ги коментираше неговите критики.

Италија, Шпанија, Франција и некои други држави на ЕУ сакаат да го делат долгот предизвикан од коронавирус во форма на „коронансирања“ (или еврообврзници) – меѓусебен долг што сите нации на ЕУ помагаат да го исплатат.

Холандија се спротивставува на предлогот и сака земјите членки да имаат постепено услови за отплата во текот на годините.