Првиот случај на новиот вид коронавирус, идентификуван во Јужна Африка, е откриен во Франција, соопшти денеска француското Министерство за здравство.

Јужноафриканскиот вид, како и британскиот, е полесно пренослив.

Новиот вид коронавирус е потврден кај маж кој се вратил од Јужна Африка и живее во департманот Горна Рајна во близина на границата со Швајцарија, наведе Министерството.