Првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев (79), е заразен со ковид-19 и е во изолација, е објавено на неговата официјална веб-страница.

– Првиот претседател на Казахстан во моментот е во самоизолација. За жал, Елбази,  лидерот на нацијата, е позитивен на коронавирусот. Нема причина за загриженост. Нурсултан Назарбаев продолжува да работи од изолација – се вели во соопштението.

Во земјата во сила беше вонредна состојба од 16 март до 11 мај поради појавата на коронавирусот, но ограничувањата остануваат во сила во региони на Казахстан.

Потврдени се вкупно 15.877 случаи на коронавирус во целата земја, закрепнале 9.902 пациенти, а 100 лица починале.