Првата дама на Бразил, Мишел Болсонаро е позитивна на коронавирусот, се наведува во официјалното соопштение од претседателскиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека, освен сопругата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, зарзен е и министерот за наука и технологија Маркос Понтес.

Болсонаро веќе два пати беше позитивен на тестот за коронавирусот.

Бројот на заразени во Бразил денеска е зголемен за 69.074, а починаа уште 1.595 луѓе. Според официјалните податоци, во Бразил се забележани 2,5 милиони случаи на заразата, а починаа најмалку 90.000 луѓе.