Министрите за финансии на ЕУ успеаја доцна синоќа во втор обид да постигнат договор за економските мерки кои ќе ги преземат како одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Министрите за финансии од сите земји-членки на ЕУ, а не само 19 членки на еврозоната, се постигнаа договор за документот којшто ќе им биде испратен до шефовите на држави или влади за усвојување. Договорот вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Сите земји-членки се согласуваат за краткорочните мерки: кредитна линија на Европскиот стабилизациски механизам, фондот за гаранција на Европската инвестициска банка и програмата за поддршка на скратено работно време СУРЕ.

Во однос на кредитната линија ЕСМ, најголема пречка биле целосно спротивставеите позиции на Италија и Холандија – првата побарала заеми да се даваат без услови, а втората инсистирала на нив. Притоа е договорено дека ЕСМ може да се користи без услов за финансирање на трошоците за здравствена заштита, како резултат на пандемијата.

За да продолжат да ја користат оваа кредитна линија, земјите-членки ќе треба да обезбедат почитување на економските и фискалните основи дефинирани во фискалната рамка на ЕУ.

Што се однесува до долгорочните мерки, односно за Фондот за закрепнување, договорено е дека тој е неопходен, но без да се наведат детали.

„Таквиот фонд би бил привремен, насочен, сразмерен со вонредните трошоци на тековната криза“, се вели во усвоениот извештај.

Во текстот не се спомнува прашањето за колективизација на долг, еврообврзници или коронаобврзници, но се користи терминот „иновативни финансиски инструменти“.Во врска со ова, претседателот на Еврогрупата, Марио Центено, ќе испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кое ќе се каже дека некои земји сметаат дека е неопходно да имаат заеднички инструменти за долгови и дека другите земји сметаат дека треба да се најдат „алтернативни начини“.

ЕСМ има кредитен капацитет од 410 милијарди евра, а заемите што можат да ги добијат членовите можат да бидат најмногу до два проценти од нивниот БДП.Ова значи дека кредитната линија може да достигне 240 милијарди евра, што одговара на двојно зголемување на БДП на еврозоната.

Министрите за финансии ја поддржаа иницијативата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за формирање на гарантен фонд од 25 милијарди евра, загарантиран од земјите-членки, кој ќе обезбеди заеми до 200 милијарди евра.Овие средства главно ќе бидат наменети за мали и средни претпријатија.

Исто така, поддржан е предлогот на Комисијата за поддршка на скратено работно време, која ќе биде загарантирана од сите земји-членки и која ќе им помогне на компаниите во најтешко погодените земји да ги задржат работниците и да им исплаќаат плата.

Новиот инструмент, наречен СУРЕ, треба да им овозможи на компаниите со потешкотии да го скратат работното време, а државата им плаќа на вработените плата за тие часови кои што не ги работат.


Шефот на Европскиот парламент задоволен од договорот

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, го поздрави договорот на министрите за финансии за економски одговор на последиците од пандемијата на коронавирус.

– Бевме во право што верувавме во Европа. Предлозите од Еврогрупата се одвиваат во вистинската насока, со трансформација на Европскиот механизам за стабилизација (ЕСМ) во механизам за спасување на Европа од Ковид-19 – изјави Сасоли.

Toj исто така ја поздравува најавата за формирање фонд за обнова, кој ќе биде „финансиран со иновативни алатки“.