Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека сè уште прима терапија поради коронавирусот, објави руската агенција ТАСС.

На прашањето на новинарите за неговата здравствена состојба и пуштањето од болница, Песков првин се заблагодари, а потоа одговори дека сè уште прима терапија.

Освен портпаролот на Кремљ, коронавирусот е потврден и кај други руски претставници – премиерот Михаил Мишустин, министерот за градежништво, Владимир Јакушев, министерката за култура, Олга Љубимова, и министерот за наука и образование, Валери Фалков.

– Премиерот на Русија закрепнува од коронавирусот и ќе може да им се врати на своите обврски во текот на оваа недела – рече министерот за здравство, Михаил Мурашко.