Повеќето возрасни лица на возраст под 40 години во Велика Британија ќе можат да примат друга вакцина доколку ја примат првата доза на „Астразенека“, пишува Би-би-си.

Одлуката е донесена поради поврзаност со ретки крвни згрутчувања. Регулаторот на безбедноста на лековите во Велика Британија вели дека се пријавени 242 случаи на коагулација и 49 смртни случаи и биле администрирани 28,5 милиони дози на вакцина. Но, ризикот е малку поголем кај помладата популација.

Се проценува дека вакцинирањето веќе спасило 10.000 животи во Велика Британија.

Вакцината развиена во соработка со „Оксфорд“ и „Астразенека“ е поврзана со ретки згрутчувања на крвта, кои исто така се јавуваат при ниско ниво на тромбоцити во крвта.

Ризикот од тромб е приближно 1 на 100.000 кај луѓето во четириесеттите години, но кај луѓето во триесеттите години тој број се искачува на 1 на 60.000.

Повеќето згрутчувања се формираат по примањето на првата доза, а на луѓето кои веќе примиле една доза на „Астразенека“ им се препорачува да примат втора доза од друга вакцина.

Сепак, на некои лица на возраст под 40 години ќе им биде понудена вакцина на „Астразенека“ затоа што е полесна за транспорт и складирање, што ја прави попрактично од алтернативите.

Сите возрасни се очекува да ја примат првата доза на вакцината до крајот на јули.