Долго очекуваната публикација на американскиот владин „извештај за неидентификувани летечки објекти (НЛО)“ претставен на крајот на јуни годинава не ги надмина очекувањата на оние што бараа одговори на неодамнешната низа на „неидентификувани воздушни феномени“, што збуни многумина. Сепак, во извештајот официјално се наведени 144 случаи за кои нема објаснување.
Во Велика Британија, истражувањето на „Југов“ откри дека половина од возрасните Британци веруваат во постоењето на вонземјаните, а 22 отсто велат дека тие веќе ја посетиле Земјата. Понатаму, седум отсто од испитаниците одговориле дека веруваат дека самите забележале НЛО во комбинација со 25 отсто кои тврдат дека лично познаваат други луѓе кои виделе вонземјани. Покрај тоа што нема официјална потврда за ваквите забелешки, речиси половина од испитаниците одговорија дека донекаде или најверојатно Владата знае за НЛО, но не го споделува тоа со јавноста.