Најмалку седум луѓе загинаа во пожар, кој зафати привремена болница за пациенти заразени со коронавирус во Вијајавади, во југоисточна Индија.

Пожарот избил утрото околу 5 часот по локално време во хотелот во кој биле сместени пациентите. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, а преживеаните пациенти се преместени во друга болница.
Причината за пожарот не е позната и во тек е истрага.

Полицискиот инспектор изјавил дека во моментот на пожарот во болницата имало над 30 луѓе и дека бројот на загинати најверојатно ќе биде поголем.

Индија е трета земја во светот по бројот на заразени со ковид-19, со повеќе од 2,1 милиони инфекции и над 43.000 починати.